Владата одлучи од следната недела да се започне со доисплата на земјоделски субвенции кон сите приматели кои ги исполнуваат условите од законот. Ова во петок го соопшти премиерот Никола Груевски, на средба со претставниците на земјоделските здруженија. Претставниците на земјоделците ја поздравија оваа одлука и истакнаа дека средствата кои ќе се добијат од Владата ќе придонесат за работата и развојот на земјоделците. Воедно беше договорено дека согласно календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември ќе се започне со исплата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година. Исто така соговорниците разговараа и за претстојниот почеток на откупот на оризот и тутунот од овосезонските реколти при што беше истакната заедничката посветеност да се преземат сите потребни мерки и активности со цел да се креира квалитетен амбиент за реализација на откупот кој ќе обезбеди почитување на интересите на засегнатите страни.
Владата одлучи од следната недела да се започне со доисплата на земјоделски субвенции кон сите приматели кои ги исполнуваат условите од законот.
Ова во петок го соопшти премиерот Никола Груевски, на средба со претставниците на земјоделските здруженија.
Претставниците на земјоделците ја поздравија оваа одлука и истакнаа дека средствата кои ќе се добијат од Владата ќе придонесат за работата и развојот на земјоделците.
Воедно беше договорено дека согласно календарот за исплата на субвенции, во текот на ноември ќе се започне со исплата на субвенциите за житните земјоделски култури од реколтата во 2014 година.
Исто така соговорниците разговараа и за претстојниот почеток на откупот на оризот и тутунот од овосезонските реколти при што беше истакната заедничката посветеност да се преземат сите потребни мерки и активности со цел да се креира квалитетен амбиент за реализација на откупот кој ќе обезбеди почитување на интересите на засегнатите страни.
На средбата присуствуваа Вељо Тантаров претседател на Сојузот на земјоделците, Ефтим Шаклев претседател на Асоцијацијата на земјоделци , Никола Стаменов претседател на Федерација на фармери и Ставре Јанев претседател на Синдикатот на земјоделците, како и заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.